Татовци од државата бараат 15 милиони евра

Bez autora
Dec 29 2011

Штедачите од пропаднатата битолска штедилница ТАТ со нетрпение го очекуваат денешниот ден за да видат дали ја победиле државата. Судијата Артан Лимани од Основниот суд Скопје 2 за денес во 9 часот закажа читање на пресудата по тужбата на Татовци, со која тие од државата бараат обесштетување од точно 1.137.750.000 денари, или 15 милиони евра, затоа што им ја одземала можноста да си ги повратат парите од штедилницата на Соња Николовска преку реализација на сертификатите што им ги издаде. Битолските штедачи во 2005 година ја тужеа државата затоа што со одлуката да ја укине Агенцијата за приватизација, донесена на 31.12.2003 година, ги направила ненаплатливи нивните сертификати со важност до 7 јули 2004 година, со кои имаа можност да тргуваат на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност и на тој начин да си повратат дел од штедните влогови. Судијата Артан Лимани го заврши судскиот процес на 15 овој месец иако немаше претставник на државата, а пресудата ќе ја соопшти денес.

Татовци од државата бараат 15 милиони евраШтедачите од пропаднатата битолска штедилница ТАТ со нетрпение го очекуваат денешниот ден за да видат дали ја победиле државата.

Судијата Артан Лимани од Основниот суд Скопје 2 за денес во 9 часот закажа читање на пресудата по тужбата на Татовци, со која тие од државата бараат обесштетување од точно 1.137.750.000 денари, или 15 милиони евра, затоа што им ја одземала можноста да си ги повратат парите од штедилницата на Соња Николовска преку реализација на сертификатите што им ги издаде.

Битолските штедачи во 2005 година ја тужеа државата затоа што со одлуката да ја укине Агенцијата за приватизација, донесена на 31.12.2003 година, ги направила ненаплатливи нивните сертификати со важност до 7 јули 2004 година, со кои имаа можност да тргуваат на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност и на тој начин да си повратат дел од штедните влогови. Судијата Артан Лимани го заврши судскиот процес на 15 овој месец иако немаше претставник на државата, а пресудата ќе ја соопшти денес.

Со колективна тужба поднесена од Здружението на необесштетените штедачи од ТАТ државата ја тужат 1.075 поранешни штедачи на пирамидалната штедилница на контроверзната Соња Николовска.

- Толку лица се приклучија на колективната тужба, инаку вкупниот број на штедачите на кои им е одземена можноста да ги искористат сертификатите е околу 4.000. На почетокот не знам зошто другите не ни се приклучија. Лани и годинава имаше многу заинтересирани, но државата бараше на колективната тужба да нема нови тужители - вели Пеце Гугучевски, кој ги претставува штедачите.

Тој и останатите тужители се оптимисти дека денес судијата ќе прочита пресуда во нивна корист и со тоа конечно ќе заврши 14-годишната агонија на ТАТ-овци.

Сепак, ова нема да биде крај на аферата ТАТ која ја затресе државата во март 1997 година и имаше и политички импликации. Во пирамидалната штедилница која даваше високи камати и имаше голем број повластени штедачи, меѓу кои видни политичари, заглавија околу 30.000 клиенти, кои според некои проценки останаа покуси за 180 милиони тогашни германски марки. Иако стечајот на ТАТ е одамна затворен, се уште има судски рочишта. Стечајниот управник води спорови за околу 400 кредити, а во македонските судови се водат уште околу 200 судски процеси. Исто така, околу 2.500 штедачи се во потрага по начин да си ги повратат парите, а некои се откажуваат и од половина од каматата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik